Пепе Реина пред суспензија поради врски со неаполската мафија

Новиот голман на Милан, Пепе Реина се соочува со огромна суспензија поради врски со неаполската мафија.

Јавниот обвинител побара од Фудбалскиот сојуз на Италија долгорочна суспензија за Реина, како и Паоло Канаваро и Салваторе Ароника поради пријателските односи со познатата мафијашка организација „Камора“.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, и тројцата се обвините за тесни врски со осудениот криминалец Габриел Еспозито како и со неговите браќа Франческо и Џузепе, двајца „сомнителни“ бизнисмени кои се постојано под истрага.

За шпанскиот голман, кој ова лето дресот на Наполи го замени со оној на Милан, побарана е тримесечна суспензија, па сосема веројатно би можел да го пропушти првиот дел од сезоната.

За поранешните фудбалери Канаваро и Ароника побарано е исклучување од било какви фудбалски активности во период од десет односно четири месеци.

Се вчитува...