Актуелниот шампион Ѓер, доби лесна група за одбрана на титулата во Лигата на шампионите за следната сезона. Македонија нема свој преставник во најелитното ракометно натпреварување откако ЖРК Вардар се повлече и по пет настапи по ред, за следнаат сезона не пријави екипа во ЛШ.
Унгарскиот шампион на патот кон нова титула ќе има релативно лесна задача во првата групна фаза во која со денешната ждрепка во Виена за противници ги доби Турингер, Крим и еден од квалификантите.
Многу потешка задача ќе имаат носителите во другите три групи – Будуќност, Ростов Дон и ЧСМ Букурешт.
Квалификациите ќе се одржат на 7 и 8 септември, а групната фаза во Лигата на шампионите во женска конкуренција стартува на 5/7 октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА