Металург беше првиот извелечен тим и ја „отвори“ ждрепката во Виена со која беа одредени групите за следната сезона во Лигата на шампионите. Вториот македонски претставник во најелитното европско натпреварување покрај шампионот Вардар, ќе игра во групата Ц.
Покрај Металург во оваа група се уште и Силкеборг, Спортинг Лисабон, Бешикташ и Чеховски медведи.
Во другата група од „долниот дом“, Групата Д во која носител е Висла Плоцк, ќе настапат и Адемар Леон, Елверум, Вакер Тун, Динамо Букурешт и Кокс.
Ждрепката за групите А и Б во која Вардар ги чека своите противници е во тек.
Натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите во машка конкуренција стартуваат на 12/16 септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА