Исланд е фудбалско чудо. Земјата со 330.000 жители беше дел од Мундијалот во Русија и прикажа одличен фудбал. Сите се прашуваат која е тајната на нивниот успех, а тоа може да прочита меѓу редови со работата на нивниот селектор Хеимир Халгримсон. Само работа, работа, и многу работа.
Халгримсон се врати на Исланд по елиминацијата во првата фаза на Светското првенство, и два дена подоцна, иако официјално е на летен одмор, се зафати со работа со фудбалската селекција до 12 години. Халгримсон влезе на теренот и почна да им ги покажува фудбалските тајни на младите фудбалерчиња. Со ваква напорна работа, ефектите секако ќе се видат по неколку години…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА