Дефинирана е листата на второлигаши за новата 2018/2019 натпреварувачка сезона во двете конкуренции на Западот и на Истокот.
За првпат во историјата на македонскиот фудбал свои второлигаши ќе добијат Обршани и Пехчево во имињата на ФК Партизан односно ФК Кит-Го кои ќе се натпреваруваат во Втората лига – Исток. Последниот од Истокот кој се сели во Третата лига а се надеваше на можно второлигашко останување е Осогово од Кочани. Интересно, Радовиш следната сезона ќе има два свои клуба во второлигашката конкуренција.
Во Втората лига – Запад нови клубови во сезоната 2018/2019 ќе бидат Генч Калемлер од Гостивар, Гоблен јуниор од Куманово како и Кораб од Дебар.
Како што информираат од ФФМ, натпреварите во Втората лига следната сезона стартуваат на 18. август, а дополнително ќе биде определен датумот за извлекување на двојките.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА