Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби од Шпанија со 24-28 во полуфиналето на Медитеранските игри во Тарагона. Во битката за третото место во недела Македонија ја очекува натпревар со Словенија.
Македонските девојки беа немоќни против домашните ракометарки кои триумфот го најавија уште во првото полувреме кое го добија со пет гола разлика, 17-12.
Во вториот дел подобра игра на Македонија која во 45 минути дојде и до минус од два погодоци, но во финишот Шпанките повторно заиграа агресивно и сосема заслужено стигнаа до победата.
Најефикасна во македонските редови беше Сара Ристовски со 9 погодоци од 11 обиди, четири гола запиша Душица Ѓоргиевска а со три гола мечот го заврши Елена Георгиевска. Кај Шпанките предводеше Родригез со 7 гола.
Во недела Македонија ќе игра во битка за бронзата против селекцијата на Словенија која загуби во второто полуфинале од Црна Гора со 23-26. Во финалето ќе играат Шпанија и Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА