Германија е најголемото разочарување по групната фаза од Мундијалот во Русија. Дојде како актуелен светски првак, ја остави круната и си замина по само три натпревари. Тоа секако е дебакл за „маншафт“ на Јоаким Лев, и сериозен за германскиот фудбал во целост.
Легендарниот германски репрезентативец Лотар Матеус застана во заштита на селекторот Јоаким Лев, а ги нападна фудбалерите за своето ознедување и за игрите на Светското првенство.
„Се согласувам дека ова е тотален дебакл, катастрофа, за германскиот фудбал. Неверојатно понижување, но и лекција да се исправат работите кои излегоа на површина. Ќе има разговори меѓу челниците на федерацијата и Јоаким Лев, но мислам дека селекторот треба да остане и понатаму да си ја врши својата работа. Па, тој пред четири години ни донесе светска титула, а веќе 12 години одлично си работи. Проблемот е во фудбалерите. Го гледате Боатенг, и ќе видите како поважно е со какви наочари ќе излезе во јавноста, отколку какви игри прикажува на теренот. Ги имате Милер, Озил, Хумелс, кои повеќе се грижат за игрите во своите клубови. Не може така да се носи дресот на Германија“, ја отвори Пандорината кутија, Лотар Матеус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА