Кошаркарската селекција во „3х3“ на крајот осма на Медитеранските игри во Тарагона

Македонската кошаркарска селекција во „3х3“ ги заврши на осмото место Медитеранските игри во Тарагона.

Во четвртфиналната пресметка Македонија загуби од Словенија со 10-19, што значеше и крај на амбициите за пласман меѓу четирите најдобри селекции на турнирот.

Претходно Македонија, во групната фаза, загуби од Србија а славеше против репрезентацијата на Андора.

Се вчитува...