Мекинро: Нема веќе жар во очите на Ѓоковиќ

Поранешниот американски тенисер Џон Мекинро изјави дека е непредвидливо колку Новак Ѓоковиќ може да направи на годинашниот Вимблдон.

Српскиот тенисер имаше пауза поради повреда, а првото свое финале по речиси една година го имаше на АТП турнирот во Квинс каде загуби од Марин Чилиќ. Новак на тој турнир како и на Ролан Гарос покажа извесен напредок во однос на играта од претходно.

„Ситуацијата е непредвидлива. Тој е еден од најдобрите тенисери на сите времиња и има само 31 година. Но како да го загуби огнот, кој го нема повеќе во неговите очи. Ја нема таа жар и желба во него. Се надевам дека не изгаснала цела, па останало нешто за да го врати“ – вели Мекинро.

Вимблдон оваа година се игра од понеделник, од 2. до 15. јули, а титулата ја брани Роџер Федерер.

Се вчитува...