Македонија заврши на 17. место од 26 земји учеснички на Медитеранските игри во Тарагона според бројот на освоените медали.
Македонската експедиција во Тарагона стигна до шест одликувања, од кои две златни, едно сребрено и три бронзени, доволни за 17-та позиција. Зад нас останаа Сан Марино, БиХ, Албанија, Црна Гора, Монако, Либан, Малта, Андора и Либија.
На врвот на листата на медалистите убедливо е Италија со освоени вкупно 155 одликувања, пред Шпанија, Турција, Франција и Египет. Од балканските селекции најдобра е Турција со 95 медали, пред Грција со 45 медали, Србија со 31 медал и Хрватска која освои 15 одликувања.
Денеска на програмата во Тарагона остануваат уште финалните натпревари во ракомет, одбојка и ватерполо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА