Леонардо Бонучи и Џанлуиџи Буфон развија фантастична соработка со долгогодишните заеднички настапи во дресот на Јувентус, а по само една година разделени тие повторно би требало да заиграат заедно – и тоа во дресот на ПСЖ.
Потписот на Буфон со францускиот шампион е само прашање на време, а последните информации говорат дека заедно со Буфон „светците“ ќе го потпишат и Бонучи, за засилување на одбранбената линија. Италијанецот не криеше дека е преразочаран од текот на случувањата во Милан, а по забраната на „росонерите“ за настап во Европа тој сега е цврсто решен да си замине од „Сан Сиро“.
Како примарна опција се споменуваше Манчестер јунајтед, но плановите се сменија откако на сцена стапи ПСЖ, а во лобирањето учествувал и самиот Буфон. Бонучи веќе ги договорил личните услови и сега останува само уште клубовите да се договорат за отштетата, која ќе изнесува околу 40 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА