Ѓоковиќ: Имам силни мотиви и големи цели, но не знам како ќе биде на Вимблдон

Поранешниот тенисер број еден во светот, Новак Ѓоковиќ кој имаше сериозен пад во формата и во резултатите се враќа на Вимблдон во надеж дека ќе прикаже издание приближно добро како во најдобрите денови од кариерата.

„Мислам дека сум во добра форма. Не знам дали на исто ниво во однос на минатата сезона кога славев во Истбурн и без загубен сет дојдов до четвртфиналето на Вимблдон, но дефинитивно многу подобро отколку на почетокот од сезоната. Постепено го кревав нивото, на последните три турнири што ги одиграв, не сум задоволен од последниот меч на Ролан Гарос“ – вели Ѓоковиќ кој турнирот во Лондон ќе го отвори со меч во првото коло против Тенис Сандгрен.

Трикратниот освојувач на титулата на Вимблдон вели дека физички добро се чувствува и оти веќе нема проблеми со лактот. Ѓоковиќ на гранслемот во Лондон триумфираше во 2011, 2014 и во 2015 година. Последната гранслем титула му е од 2016 година од Ролан Гарос.

 

 

Се вчитува...