Ништо од Реал – Флорентино Перез се откажал од Левандовски

Роберт Левандовски бараше од управата на Баерн Минхен да му дозволи да се пресели во Реал Мадрид, но тој трансфер нема да се реализира откако „кралевите“ во меѓувреме се откажаа од намерата да го доведат полскиот голгетер на „Сантијаго Бернабеу“. Цврстиот став на управата на Баерн, надополнет со очајните игри на Левандовски на овој мундијал, но и во финишот од ланската сезона, го натераа Флорентино Перез да го промени својот план и да се откаже од намерата да плати околу 100 милиони евра за Полјакот како нов голгетер.

Реал во моментов е насочен кон задржување на Кристијано Роналдо, а доколку Португалецот на крајот си замине од Мадрид ќе биде стартувана офанзива за нов напаѓач, најверојатно за Мауро Икарди, а како опција се споменува и Серхио Агуеро.

Во меѓувреме, Левандовски инсистира да му биде дозволено да ги промени клупските бои. По откажувањето на Реал главен фаворит за негов потпис е Челси, кој ќе бара врвен голгетер откако Алваро Мората не ги оправда очекувањата.

Се вчитува...