Работнички минатата сезона ја освои толку посакуваната шампионска титула, по што Марин Докузовски непосредно по последниот триумф над МЗТ најави дека во иднина уште повеќе акцент ќе биде ставен на домашните кошаркари. Во тој правец, актуелниот првак на Македонија се интересира за услугите на Бобан Стајиќ, кој се наоѓа многу блиску до преселба во „Градски парк“.
Македонскиот репрезентативец ја стартуваше ланската сезона во МЗТ Скопје, не доби премногу шанси кај „металците“, по што се пресели во Куманово. Токму во дресот на кумановци овој кошаркар одигра низа одлични партии, што беа доволна препорака за Марин Докузовски да покаже сериозен интерес за неговите услуги.
Молкот од Куманово, од каде се чека и на заостанати плати од ланската сезона, е причина приоритет за Стајиќ да биде враќање во Скопје, а Работнички сигурно би бил огромен предизвик за овој плејмејкер да ги покаже своите квалитети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА