Новак Ѓоковиќ тргна импресивно во првото коло од Вимблдон, лесно и убедливо триумфирајќи над Американецот Сандгрен. Охрабрен по добрите игри во Квинс, српскиот тенисер одигра одличен меч препуштајќи му на противникот само шест гејма (6-3, 6-1, 6-2), па сега во второто коло го очекува дуел со подобриот од мечот Андреоци – Цебалјос.
Овогодинешното издание на Вимблдон заврши прерано за Доминик Тим, откако Австриецот го предаде дуелот со Марко Багдатис. Тим беше предалеку од посакуваниот ритам, па при 0-2 во сетови и 0-2 во гејмови се пожали на повреда и реши да го заврши мачењето на третиот гранслем турнир во 2018 година.
Првата носителка Симона Халеп славеше со 6-2, 6-4 над Јапонката Нара со 6-2, 6-4, а од носителките испадна Каролин Гарсија, која загуби со 6-7, 3-6 од Швајцарката Бенчиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА