Раководството на Шкендија ги одреди цените на билетите за првиот натпревар од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите против велшки ТНС кој на 10. јули се игра на арената „Филип Втори“.
Билетите ќе се движат по цена од 200 до 600 денари, со тоа што оние најефтините ќе бидат за Источната трибинита, додека од 400 и 600 денари ќе бидат за Север и Југ, во зависност од местото на седење. Како што информираат од Шкендија, Западната трибина нема да биде пуштена за натпреварот со велшкиот шампион.
Билетите во продажба ќе бидат пуштени на 5. јули. Ќе се продаваат во Фан-шопот на Шкендија во Тетово, во Монако тобако во Тетово, како и во Југотон и Сити мол во Скопје. Ќе може да се набават и преку продажната мрежа на МК Тикетс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА