Лошиот ден за фаворитите на Вимблдон беше комплетиран со вечерашната елиминација на Марија Шарапова, која за првпат во своата кариера беше елиминирана во првото коло од британскиот гранслем турнир.
Таа важеше за голема фаворитка против квалификантката Виталија Диатченко, моментно 132. на ВТА-листата, но Шарапова прокоцка добиен меч откако имаше водство од 1-0 во сетови и 5-2 во вториот сет, што сепак се покажа недоволно за нејзин пласман во следната рунда.
Диатченко успеа да се врати и да го добие вториот сет во тајбрејк, потоа во третиот Шарапова рано направи брејк за водство од 2-1, но Диатченко возврати и славеше со конечни 6-4, по три часа и осум минути битка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА