Серена Вилијамс сигурна како Роџер Федерер, елиминирана Вознијацки

Американската тенисерка Серена Вилијамс лесно ја мина и втората пречка на гранслем – турнирот Вимблдон. Таа со 2-0 во сетови ја совлада Бугарката Викторија Томова. Серена првиот сет го доби експресно со 6-1, а во вториот Томова пружи посилен отпор, но сепак го загуби со 6-4 во гемови. Елиминација доживеа втората на ВТА – листата, Каролин Вознијацки, која во три сета загуби од Екатерина Макарова од Русија. Првиот сет го доби Макарова со 6-4, во вториот возврати Вознијацки со убедливи 6-1, но во решавачкиот сет повторно поуспешна беше Макарова и го освои со 7-5 во гемови.

На машкиот дел од турнирот, актуелниот победник Роџер Федерер исто така оствари максимална победа. Тој со 3-0 во сетови го совлада Словакот Лукаш Лацко и лесно се пласира во следната рунда. Швајцарецот првите два сета ги доби со 6-4, а третиот го комплетираше експресно, со 6-1 во гемови.

Се вчитува...