Организаторите на престижниот интернационален ракометен турнир во Струга ги соопштија учесниците, термините и распоредот на натпреварите за годинашното 46-то издание кое ќе се одржи на теренот „Женска плажа“ од 15. до 19. август.
Македонската ракометна чест на турнирот ќе ја бранат Еурофарм Работник и домаќинот Струга, а меѓу учесниците се и Целје (Словенија), Бешикташ (Турција), Тулуз (Франција), Железничар (Србија), Констанца (Романија) и Алингсас (Шведска).
Пред финалните натпреварите од разигрувањето за пласман ќе се одигра и мечот од Суперкупот на Македонија меѓу Вардар и Металург.
ГРУПИТЕ НА „СТРУГА 2018“…
Група 1: Целје (Словенија), Бешикташ (Турција), Тулуз (Франција), Еурофарм Работник (Македонија)
Група 2: Железничар (Србија), Констанца (Романија), Алингсас (Шведска), Струга (Македонија).
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
15. август: Железничар – Струга (17:30 ч), Констанца – Алингсас (19:15 ч), Целје – Еурофарм Работник (21 ч).
16. август: Бешикташ – Еурофарм Работник (17:30 ч), Железничар – Алингсас (19:15 ч), Целје – Тулуз (21 ч).
17. август: Струга – Алингас (17:30 ч), Железничар – Констанца (19:15 ч), Тулуз – Бешикташ (21 ч)
18. август: Струга – Констанца (10 ч), Еурофарм Работник – Тулуз (17:30 ч), Целје – Бешикташ (19:15 ч), Вардар – Металург (21 ч).
19. август: Меч за седмо место (10 ч.), меч за петто место (17:30 ч.), меч за трето место (19:15 ), финале (21 ч).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА