Англискиот премиерлигаш Тотенхем тргнува во офанзива по американскиот интернационалец Кристијан Пулишиќ. „Спарс“ на Борусија Дортмунд ќе и испратат понуда вредна 44 милиони фунти за одличниот крилен играч. Според замислите на менаџерот Маурицио Покетино, тој треба да ја зголеми конкуренцијата во средниот ред и да биде поддршка за речиси незаменливите Хјонг – Мин Сон, Деле Али и Кристијан Ериксен. Ќе има конкуренција во Бразилецот Лукаш Моура и во Ерик Ламела, од кои сепак се очекуваше изминатата сезона.
Во трка за Кристијан Пулишиќ е и Манчестер јунајтед. Жозе Мурињо подолг период го има Американецот на својата листа на трансферни желби и сигурно ќе се обиде да го доведе на „Олд Трафорд“ ова лето. Тотенхем сака да биде побрз и да го добие потписот на Пулишиќ.
„Спарси“ во јануари го ангажираа и Лукаш Моура од ПСЖ, но Бразилецот не доби премногу шанси да ги покаже своите квалитети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА