Францускиот првак Пари Сен Жермен ќе го засили својот тим со португалскиот репрезентативец Рафаел Гереиро, откриваат германските медиуми. Раководството на „светците“ на Борусија Дортмунд ќе и исплати сума од 30 милиони евра за овој трансфер, кој треба да се реализира во наредните неколку дена.
Гвереиро доаѓа на инсистирање на новиот тренер Томас Тухел, кој добро ги познава квалитетите на Португалецот со оглед дека соработуваа во редовите на „милионерите“ од Дортмунд. Тој ќе ја засили конкуренцијата на левата бековска позиција, откако Јури Берчиче го напушти ПСЖ и потпиша за Атлетик Билбао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА