Муслера им подари гол, Французите без многу мака до полуфинале

Во повеќе од мирно четвртфинале, без премногу возбудувања како што се очекуваше, Франција славеше против Уругвај со 2-0 (1-0) обезбедувајќи место меѓу четирите најдобри селекции на Мундијалот 2018.

Французите до предност дојдоа преку Варан во 40. минута од единствената своја можност во првите 45 минути на средбата.

Уругвајците во 44. минута имаа двојна шанса за израмнување, но од извонредна позиција не успеаја да реализираат Касерес и Годин.

Вториот дел повторно без многу возбудувања. „Петлите“ речиси и да немаа посериозна шанса, за да стигнат до втор гол преку Гризман во 61. минута но само благодарение на големиот кикс на голманот на Уругвајците, Муслера.


Франција во полуфиналето ќе го чека подобриот од пресметката меѓу Бразил и Белгија.

Се вчитува...