Не е готово: Реал Мадрид сега бара 150 милиони евра отштета за Роналдо

Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо е на добар пат да го напушти „Сантијаго Бренабеу“ и да направи трансфер во италијанскиот првак Јувентус. Речиси се беше договорено за сума од 100 милиони евра отштета тој да се пресели во Италија и да го облече дресот на „старата дама“, но очигледно дека сепак трансферот нема да се реализира така лесно. Сега Реал Мадрид ги зголеми барањата и сака 150 милиони евра отштета.

„Перез сега бара 150 милиони евра, и според извори блиски до него, не сака ниту да слушне за сума под 130 милиони евра“, открива италијанскиот медиум „Ла Стампа“.

Претходно, сите шпански и италијански медиуми категорично информираа дека Кристијано Роналдо дал збор и дека трансферот во Јувентус е веќе реалност. Но, очигледно дека „кралскиот клуб“ нема така лесно да попушти, со оглед дека Португалецот има актуелен договор до 2021 година.

 

Се вчитува...