Паулињо: Овој пораз боли повеќе и од оние 1-7 од Германија

Огромно е разочарувањето во бразилскиот табор по синоќешниот пораз од Белгија, со што беше ставен крај на сонот на „кариоките“ дека би можеле да стигнат до нова светска круна. Паулињо беше еден од најстандардните во бразилскиот состав, кој по мечот не можеше да ја сокрие тагата од неуспехот.

„Ми беше многу тешко по оној пораз од Германија во 2014 година, кога бевме декласирани пред своите гледачи со 1-7. Сепак, овој пораз од Белгија боли уште повеќе од тие 1-7, бидејќи игравме добар фудбал, создававме шанси, доминиравме во поголем дел од мечот, но сепак се пакуваме и предвреме си одиме дома. Ќе треба време да го надминеме ова разочарување“ – изјави Паулињо.

Бразилецот по само една сезона би можел да си замине од Барселона и да се врати назад во Кина откако Гвангжу подготви богата понуда од 40 милиони евра за неговите услуги.

Се вчитува...