Македонскиот ракометен клуб Еурофарм Работник продолжува со ангажман на нови засилувања. Најново име во ростерот е 20-годишниот десен бек од Србија, Никола Ивановиќ. Тој е млад ракометар, роден во Суботица, кој се наметна во Црвена Звезда и во Партизан, а го носеше дресот и на младата репрезентација на Србија.
Како што информира Еурофарм Работник на својот официјален сајт, овој талентиран ракометар веќе го потпишал договорот и наскоро ќе му се стави на располагање на тренерот Илија Темелковски и стручниот штаб. Еурофарм Работник од следната сезона ќе настапува во квалификациите за ЕХФ Купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА