Давидовски на 18. место, Иџе без пласман на втората трка во Унгарија

Македонските автомобилисти Виктор Давидовски и Игор Стефановски – Иџе не успеаја да се вмешаат во битката за висок пласман ниту на втората трка што се возеше на патеката „Хунгароринг“ кај Будимпешта, во рамките од европскиот ТЦР-шампионатот.

Давидовски ја стартуваше денешната трка од 22. место и на крајот ја освои 18. позиција, додека Иџе воопшто не успеа да ја финишира оваа трка, откажувајќи се по пет круга поради проблеми со возилото.

Само за потсетување, Стефановски на првата трка што се возеше вчера го освои 13. место, додека Давидовски имаше пласман на 14. позиција.

Се вчитува...