Шкупи, по долги години, повторно го очекува својот настап на европската сцена овој пат во квалификациите за Лигата на Европа. Во првото коло Шкупи ќе се соочи со еден од најславните шкотски клубови Глазгов Ренџерс кој е отворен фаворит во пресметката со македонскиот тим.
Но, од таборот на Шкупи порачуваат дека воопшто не планираат предвремено предавање, но максимално надигрување со противникот до крај…
„Минавме одлични подготовки во Турција. Најважно е што целиот тим е здрав и подготвен за предизвикот. Јасно е дека Глазгов Ренџерс е квалитетен тим. Да, тие пред неколку години беа во пониските лиги но сега имаат комплетно нов состав. Ние нема што да загубиме во Глазгов. Одиме да играме фудбал и да се надигруваме со противникот. Не одиме однапред да се предадеме, но да стигнеме до добар резултат на гостински терен… Секако нашата желба е и да продолжиме на европската сцена, и ќе се бори до крај за таа цел“ – вели засилувањето во средниот ред на Шкупи, Муарем Муарем.
Експедицијата на Шкупи утре заминува за Шкотска. Првиот натпревар во Глазгов се игра на 12. јули со почеток од 20:45, а реваншот е на 17. јули на арената „Филип Втори“ во Скопје од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА