Јанески лојален на Куманово

Марјан Јанески е подготвен да ги разреши дилемите околу својата иднина и да потпише нов договор со Куманово, уште еднаш покажувајќи ја својата лојалност до клубот каде ги мина најдобрите сезони во својата кариера.

Борбениот крилен центар се наоѓаше на листата со желби на неколку македонски клубови, најконкретна понуда имаше Работнички, но Јанески по долго размислување реши да ја одбие и понудата од „Градски парк“. Преговорите со Куманово се наоѓаат во завршна фаза, па наскоро се очекува и потписот на нов едногодишен договор. Покрај Јанески се очекува во Куманово да остане и Караколев, во клубот ќе се врати и младиот Тодоровиќ, а испратена е понуда и до Адем Мекиќ, кој го одигра вториот дел од сезоната за овој клуб по заминувањето од МЗТ Скопје.

Дури по комплетирањето на ростерот со домашни играчи ќе се пристапи на ангажман на странци, кои дополнително би го засилиле составот за наредната натпреварувачка сезона.

Се вчитува...