Македонскиот прволигаш Работнички го одработи последниот тренинг во пресрет на утрешниот прв дуел против Хонвед во рамките на квалификациите за Лигата на Европа. Тренерот Ѓоре Јовановски им зададе лесни активности на фудбалерите, кои треба да ги сочуваат силите за натпреварот кој утре, со почеток од 17.30 часот, ќе се игра на комплексот на ФФМ, во Скопје.
Новата тимска фотографија треба да донесе и дополнителна мотивација за добар настап, а шефот на стручниот штаб на денешната прес – конференција најави…„Овој тим е подобар од ланскиот, се надеваме дека тоа ќе го покажеме на дуелите со Хонвед“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА