Хонвед се запозна со комплексот на ФФМ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Славниот Хонвед е во Македонија, го одржа официјалниот тренинг на комплексот на ФФМ, каде утре, со почеток во 17.30 часот, ќе го игра првиот натпревар против Работнички, во рамките на воведното коло во квалификациите на Лигата на Европа. Не е ова страшен тим, како од времето на Ференц Пушкаш и на Шандор Кочиш, но тренерот Атила Шупка сепак има на располагање респектабилен состав.

Унгарците се запознаа со условите, одржаа лесен тренинг на комплексот „Петар Милошевски“, и најавија дека ги интересира единствено позитивен резултат на утрешниот прв меч против „романтичарите“.

 

Се вчитува...