Македонскиот шампион Шкендија е убедлив против велшки ТНС во првиот натпревар од 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите. Тетовци веќе имаат предност и од 5-0 и тоа благодарение на Бесарт Ибраими кој постигна четири погодоци, од нив двата последни вистинско ремек-дело.
Ибраими ќе го памети првиот европски меч за Шкендија сезонава и по евроголот кој го запиша во 60. минута директно погодувајќи под гредата од голот на гостите со мајсторски изведен слободен удар од околу 20 метри.
Потоа, во 66. минута испрати уште една „бомба“ од 25. метри за водство и од 5-0…
Најдобриот поединец Бесарт Ибраими погоди и за 3-0 кој извонредно шутираше од 15 метри во 53. минута и за водство од три гола разлика…
Претходно, Изаир Емини погоди во 14. минута за водство од 1-0, а Бесарт Ибраими донесе водство од 2-0 во 38. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА