Кристијано Роналдо со писмо се збогуваше од Реал Мадрид, по што Португалецот сврте нов лист со трансферот во Јувентус.
А како што е ред, се почнува со здравица – а претседателот Ањели допатува во Грција (каде Роналдо со семејството се наоѓа на годишен одмор) за првпат да наздрави со човекот кој му го „земаше здравјето“ во претходните две сезони од ЛШ.
Од сликата е очигледно – сите се среќни и задоволни, Роналдо доби нов предизвик во кариерата и можност за уште многу трофеи, а Јуве покажа дека повторно е европски гигант, способен да ги донесе најдобрите играчи во светот во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

