Абидал пристигна во Париз по Рабио, но ПСЖ вели „не“

Барселона ги загуби Андрес Иниеста и Паулињо, кои беа значајни алки во средниот ред минатата сезона, па раководството на клубот тргна во шопинг. Пристигна Бразилецот Артур, но тоа не ги задоволува вкусовите на тренерот Ернесто Валверде и апетитите на фановите на каталонскиот гигант. Токму затоа новиот спортски директор Ерик Абидал и Пеп Сегура заминаа за Париз, каде ќе се обидат да го купат Адриен Рабио од редовите на ПСЖ.

Но, тоа нема да биде нималку лесна задача, затоа што парискиот клуб не сака ниту да слушне за продажба на својот играч за врска. Рабио има актуелен договор до јуни 2019 година и засега нема ставено потпис за продолжување на соработката, а тоа значи дека следното лето ќе стане слободен агент. Барселона е подготвена да плати 30 милиони евра за неговите услуги, но претседателот на ПСЖ, Насер Ал – Келаифи, на гостите од „Камп Ноу“ јасно им ставил до знаење дека нема намера да се раздели со Рабио. Преговорите сигурно ќе продолжат и во наредните неколку дена.

Се вчитува...