Англискиот премиерлигаш Арсенал го купи уругвајскиот интернационалец Лукас Тореира (22) од редовите на италијанскиот тим Сампдорија. Тој беше учесник и на Светското првенство со селекцијата на Уругвај и настапи на сите пет натпревари за својата селекција.
„Доведовме одличен млад играч со голем талент. Уживав во неговите игри во последните две години, а сите имавме можност да се увериме во неговите квалитети и на Мундијалот во Русија“, изјави менаџерот на Арсенал, Унаи Емери.
Арсенал на Сампдорија ќе и плати отштета од 30 милиони евра, а младиот играч за врска потпиша договор на пет сезони со „топчиите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА