Англискиот премиерлигаш Арсенал се вклучува во трката за ангажман на аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала од редовите на Јувентус. По обелоденувањето на мегатрансферот на Кристијано Роналдо, во Торино ќе има голема мешаница во навалната линија и сигурно дел од фудбалерите ќе бидат прекубројни, а тоа сака да го искористи Унаи Емери и да го купи Аргентинецот.
Како што открива „Беин Спортс“, веќе два дена се водат интензивни преговори меѓу Арсенал и Јувентус за Пауло Дибала. „Топчиите“ се подготвени да платат 80 милиони евра за негов ангажман, а „старата дама“ секако ќе мора да скрои буџет за да го издржи договорот на Португалецот Роналдо.
За Дибала постои интерес и од Ливерпул, како и од европскиот првак Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА