Англиски пациенти – со еден шут на гол не се стигнува до финале

Англија со раното водство направи значаен чекор напред на патот до финалето, но „гордиот албион“ не успеа да ја задржи предноста до самиот крај. Дефанзивниот пристап на крајот не му се исплатеше на англискиот состав, а најдобра потврда за тоа е фактот дека по водечкиот гол на Трипие, избраниците на Саутгејт во следните 115 минути игра не упатија ниту еден единствен удар во рамките на Субашиќ според официјалната статистика.

Едно е да се има резултат и истиот да се чува во финишот, но Англија поседува квалитет за да одигра далеку подобро и во фазата на нападот.

Во четвртфиналето Англичаните ја совладаа Шведска со 2-0, со два шута кон голот на противникот, во осминафиналето на пенали ја минаа Колумбија откако за 120 минути исто така упатија само два шута, но против Хрватска ваквиот пристап беше казнет.

Тоа е лекција што овој млад англиски состав мора што поскоро да ја научи, бидејќи во него има потенцијал за да дотурка далеку и на наредните големи натпреварувања.

Се вчитува...