Плановите на Реал Мадрид да биде ангажиран Еден Азар како замена за Кристијано Роналдо наидоа на сериозен проблем, откако Барселона реши да му ги замрси сметките на големиот ривал. Како што јавуваат каталонските медиуми, Азар со своите одлични партии на мундијалот уште повеќе го привлекол вниманието на челниците на Барса, кои веќе тргнале во офанзива за да го убедат да му се приклучи на овој клуб, наместо на лутиот противник.
Лани во улогата на наследник на Нејмар не се снајде Дембеле, па младиот Французин летово или ќе биде продаден или испратен на позајмица. Калталонците се надеаа дека голгетерското трио ќе го комплетираат со Гризман, но откако тој реши да остане во Атлетико сега погледите целосно ќе се насочат кон Азар.
Информациите од Каталонија најавуваат дека е подготвена и понуда од 100 милиони евра, а преговорите ќе се интензивираат во текот на следната седмица, по завршувањето на настапот на Азар на мундијалот во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА