Второлигашите од Истокот, Каменица Саса и Кит-Го вчера ремизираа во пријателски натпревари одигран во Македонска Каменица.
Саса и новиот второлигаш Пехчево одиграа 1-1 на првиот тест пред активниот старт на подготовките за новата сезона. На дуелот во Каменица поведе Кит-Го со голот на Дујовски, а за домашните израмни Глигоров. Во составот на Кит-Го не настапија засилувањата Глигор Глигоров, Никола Тонев, Андреј Ричков како и првиот офанзивец Бобан Мариќ.
Следниот пријателски натпревар на тимот од Пехчево е против Силекс в сабота, додека Каменица Саса ќе тестира со Детонит јуниор од Радовиш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА