Германската тенисерка Анжелик Кербер е прва финалистка на гранслем турнирот Вимблдон. Таа во полуфиналниот дуел ја совлада Јелена Остапенко од Летонија со 2-0 во сетови. Во финалето на централниот терен на Ол Ингланд клуб ќе ја очекува подобрата од втората полуфинална пресметка меѓу Серена Вилијамс и Џулија Гергес.
Кербер го доби првиот сет со 6-3, а во вториот имаше водство и од 5-1 во гемови. Остапенко намали дел од негативата, но го комплетираше и вториот сет со конечни 6-3. На овој дуел пресудни беа неизнудените грешки. Остапенко направи дури 35, наспроти само седум на Анжелик Кербер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА