Серена Вилијамс ќе го игра своето 30. гранслем финале в сабота против Анжелик Кербер откако Американката денеска славеше во полуфиналната пресметка против Германката Џулија Гергес со 2-0 во сетови. Најтрофејната тенисерка на денешницата не е носителка поради подолгата пауза од турнирите, но Вилијамс повторно одигра на посакуваното ниво и стигна до триумф, со кој ќе се врати меѓу Топ 30 тенисерките на ВТА-листта.
Мечот беше израмнет само до 2-2 во првиот сет, по што Вилијамс освои четири гејма во низа и поведе со 1-0 во сетови. Потоа следеше брејк и доминација на Серена, која во првите четири гејма на свој сервис во вториот сет и дозволи на Гергес само еден единствен поен. Германката собра сили, па при 5-3 направи брејк, но потоа следеше брејк и на Серена, за конечни 6-2, 6-4 и пласман во големото финале.
Во досегашните 29 финалиња на гранслем-турнирите Серена Вилијамс има скор од 23 победи и шест порази.
Само за потсетување, во првото полуфинале Кербер славеше над Остапенко со 6-3, 6-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА