Олимпијакос успешно ги финализираше преговорите за ангажман на Саша Везенков, па најдобриот бугарски кошаркар во новата сезона ќе го носи дресот на грчкиот вицешампион.
Везенков долго време важеше за „чудо за дете“ кај нашиот источен сосед, последните неколку години ги мина во дресот на Барселона, но каталонскиот летово реши да не ја продолжи соработката со него. Во опција беа неколку клубови од најсилните лиги ширум Европа, но Олимпијакос излезе како победник од оваа трка, денеска потпишувајќи двогодишен договор со бугарскиот ас.
Претходно, „црвено-белите“ ја засилија и плејмејкерската улога со Американецот на Партизан, Најџел Вилијамс-Гос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА