Бизарен црвен картон доби тренерот на Раднички Ниш, Ненад Лалатовиќ на синоќешниот натпревар против Гзира јунајтед од Малта во првото квалификациско коло за Лигата на Европа.
Раднички во Ниш лесно славеше против Гзира со 4-0, но во финишот од мечот младиот стратег се одлучи малку да биде „фраер“ па жонглираше со топката покрај аут линијата што во прв момент предизвика воодушевување на расположената нишка публика.
Но, по неколку моменти и консултации со четвртиот судија, главниот делител на правдата одлучи да го исклучи Лалатовиќ. Српскиот тренер најпрво се впушти во кратка расправа со четвртиот судија, но потоа мораше да го напушти теренот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА