Американецот Џон Иснер и Кевин Андерсон од Јужноафриканската република го одиграа најдолгиот меч во историјата на полуфиналните дуели на Вимблдон.
По повеќе од 6 часа игра, и одиграни неверојатни 99 гема, дополнети и со три тај-брека, на крајот триумфираше Кевин Андерсон добивајќи го маратонот по пет сета со 7-6(8),6-7(7),6-7(11),6-4 и 26-24.
Последниот петти сет тенисерите го играа речиси дваипол часа, па на крајот му припадна на Андерсон со 26-24.
Инаку, претходно најдобриот меч во историјата на Вимблдон го играа Николас Мау и повторно Џон Иснер во 2010 година кога играа пет сета, со тоа што тогаш Мау попушти при резултат 69-68 во петтиот сет, за триумф на Иснер ос 6-4,3-6,6-7,7-6,70-68. Тогаш играат 11 часа и 5 минути.
Андерсон сега се пласираше во финалето на Вимблдон, во кое ќе го чека подобриот од пресметката меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА