ГРК Борец: Општина Велес не игнорира, клубот згаснува, правдата ќе ја бараме на суд!

Опстојувањето на ракометниот суперлигаш од Велес, ГРК Борец е доведено во прашање, како што велат од клубот, поради игнорантскиот однос на општина Велес на чело со градоначалникот Аце Коцевски.

Од ГРК Борец денеска се огласија до јавноста со официјално соопштение во кое наведуваат дека правдата и за заостанатите долгови и за одредени одлуки на локалните татковци ќе ја бараат на суд.

СООПШТЕНИЕТО ОД ГРК БОРЕЦ ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Почитувани љубители на ракометот и спортот, ве известуваме дека поради игнорантскиот однос од страна на Општина Велес на чело со градоначалникот Аце Коцевски спрема целиот колектив на ГРК Борец во прашање е доведено понатамошното опстојување на клубот.

Имено и покрај големото намалување на буџетот за последната полусезона играчите добија само 2 од договорените 5 плати. Клубот и покрај намалениот буџет, неисплаќањето на платите и настапувањето со млади домашни играчи успеа да избори опстанок и учество во Супер-лигата и наредна сезона, сезона во која учеството на ГРК Борец е доведено во прашање.

Самите изјави на првите луѓе на Велес дека за нив спортот е на последно место доволно кажува дали наредната сезона ќе има ракомет во нашиот град. Поради горенаведените причини ве известуваме дека правдата ќе ја бараме на суд.

Со почит,

играчите и стручниот штаб на ГРК Борец

Се вчитува...