Фудбалскиот клуб Вардар извести дека од понеделник ќе стартува продажбата на билети за реванш натпреварот од Лигата на Европа против ерменскиот претставник Пјуник. Мечот ќе се игра в четврток (19.07) со почеток во 19 часот, а билетите ќе бидат по цена од 100 денари.
„Поради тоа што има натпревар од Лигата на Европа во вторник на Националната Арена „Филип Втори“, билетите во понеделник и во вторник (16 и 17. јули) ќе се продаваат само на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“. Во среда и четврток (18 и 19 јули), билети за натпреварот за Вардар – Пјуник ќе можете да купите само на билетарницата на Националната Арена „Филип Втори“ на источната трибина (спроти влезот на фудбалската Академија на ФК Вардар). Билетарниците сите четири дена ќе работат од 10 до 18 часот. Билет може да купите и он-лајн и на www.ticketplus.mk“, информираат од Вардар.
По првиот натпревар во Ерменија, Вардар има негатива од 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА