Манџукиќ доаѓа во Борусија Дортмунд?

Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ ќе го напушти Јувентус и најверојатно следната сезона ќе ја мине во дресот на германскиот бундеслигаш Борисија Дортмунд. На денот кога Хрватите го играа најважниот меч во историјата на националниот тим, финалето на Светското првенство во Русија, „Скај Спортс Германија“ откри дека Манџукиќ е многу блиску до реализација на трансфер меѓу „милионерите“. Хрватска го загуби големото финале од Франција, но животот продолжува понатаму, а Манџукиќ е пред враќање назад во Германија.

Ова ќе биде посебно интересен трансфер во Бундес-лигата, со оглед дека Манџукиќ во минатото го носеше дресот на Баерн Минхен и на Волфсбург. 32-годишниот напаѓач го постигна решавачкиот погодок за Хрватска против Англија за триумф од 2-1 и пласман во големото финале.

 

Се вчитува...