Англискиот премиерлигаш Тотенхем е сериозно заинтересиран за ангажман на францускиот репрезентативец Бенџамин Павар. Десниот бек одигра одлично на Мундијалот, беше една од важните алки во освојувањето на светската титула, и на адресата на будеслигашот Штутгарт веќе пристигнуваат првите понуди. Раководството на „спарс“ е подготвено да плати 25 милиони фунти за да го ангажира дефанзивецот кој може да настапува и како централен одбранбен фудбалер.
За Павар одреден интерес појавува и Баерн Минхен, но за разлика од „спарси“ баварскиот гигант би почекал една година за да го доведе младиот Французин на „Алијанц арена“.
Менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино се обидува да пронајде соодветна замена за Тони Алдерверелд, кој се очекува да си замине од клубот во овој летен преоден рок. За него е заинтересиран Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА