Полувреме: Франција води 2-1, Хрватска не се предава

Франција ќе влезе со предност од 2-1 во второ полувреме од големото мундијалско финале, откако првите 45 минути на стадионот „Лужники“ во Москва донесоа огромни возбудувања.

„Триколорите“ први дојдоа во водство со автоголот на Марио Манџукиќ, по центаршутот на Антоан Гризман, но ситуација во „егал“ експресно ја врати Иван Перишиќ со својот трет мундијалски погодок.

Сепак, асот на Интер од херој експресно се претвори во трагичар откако играше со рака во сопствениот шеснаесетник, судијата по прегледувањето на ВАР снимката покажа на белата точа, а Гризман биеше прецизно од белата точка.

Едно е јасно, Хрватите нема да се предадат, па пред нас се превозбудливи 45 минути кои ќе го решат прашањето на новиот светски шампион.

Се вчитува...