Новак Ѓоковиќ не го криеше воодушевувањето по одличниот настап на Вимблдон и заслужениот трофеј на британскиот гранслем турнир. Повеќе од се, тој беше презадоволен што радоста може да ја поели со својот син, кој по завршувањето на мечот пристигна во свечената ложа.
„Ова за мене е повеќе од трофеј. Прекрасно, првпат во животот некој да ми вика „Тато“ од ложта. Те сакам сине, најмногу од се! Стефан поради правилната не можеше да го следи мечот бидејќи нема пет години, но влезе штом го кренав трофејот. Многу ми значи што е тука крај мојата сопруга“ – истакна Ѓоковиќ.
Тој се осврна и на двете тешки години во кои се мачеше со повреди и слаба форма, за сега конечно да покаже дека повторно е оној стариот, и тоа на најголемиот тениски турнир.
„Две години е долг процес, морав да верувам во себе. Многу му должам на мојот тим кој ме поддржуваше, не беше лесно, првпат имав тешка повреда, па операција. Искрено, се сомневав дека можам да се вратам на своето ниво, затоа и овој трофеј толку многу ми значи. Тревата беше вкусна, си зедов двојна порција“ – низ насмевка прокоментира Ѓоковиќ, кој вообичаено по секој трофеј на Вимблдон за спомен ставаше во уста и дел од тревата од централниот терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА