Младинската репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз во групата фаза од европскиот шампионат – Б дивизија што се одржува во Софија, откако избраниците на селекторот Никола Василев загубија од Белгија со резултат 65-76.
„Црвено-жолтите“ одлично му парираа на фаворитот едно полувреме, во 15. минута имаа и предност од 31-26, но потоа дојде до пад во нивната концентрација, противникот ја презеде контролата, направи пресврт и на крајот стигна до заслужена победа.
Михајловски со 15 поени беше најдобар стрелец на Македонија, Ефремовски реализираше 13 поени, додека Мамузиќ стигна до 11 поени и осум скокови.
Нашите младинци утре ќе се сретнат со Азербејџан, меч на кој се очекува да ја забележат првата победа на овој шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА